(ВИДЕО) Кузеска: Со мерките на Владата кратиме непродуктивни трошоци, функционерите ќе примаат минимална плата, ќе сочуваме 250.000 работни места

Од:

„Во услови кога пандемијата со коронавирусот се заканува на здравјето на граѓаните, а стопанството се соочува со црни прогнози, ве уверувамe дека успешно ја менаџираме кризата.

На прво место ни е заштитата на здравјето на луѓето, но истовремено спроведуваме и низа мерки за ублажување на ударот врз економијата.

Владата го усвои вториот голем економски пакет, вреден 200 милиони евра, којшто овозможува директна помош за сите кои се погодени од кризата – за работниците, за стопанството, за малите и средни претпријатија, за дуќаните, занаетчиите, за спортистите и уметниците и за сите граѓани кои се дел од неформалната економија“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Со овие мерки, во овие тешки времиња,ќе сочуваме најмалку 250.000 работни места и ќе им помогнеме на над 35.000 компании полесно да ја пребродат оваа здравствена и економска криза.

Ваквата криза со којашто се соочуваме сите, од сите нас бара солидарност и заедништво во борбата против коронавирусот и економските последици кои ги предизвикува.

Додека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ шират лажни вести и паника, додека предлагаат на граѓаните да им се земат пари од вториот пензиски фонд, Влада е презема суштински и ефикасни мерки.

За да обезбедиме што повеќе средства, за оние кои се најпогодени од кризата, ги кратиме сите непродуктивни трошоци.

Во духот на солидарноста, сите функционери на државно и на локално ниво во наредните два месеца ќе примаат минимална нето плата од 14.500 денари.

Претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции, како и претседателите и членовите на Советите во општините, а кои се вработени, нема да примаат надомест за времетраење на кризата.

Ова е време кога солидарноста треба да ја покажеме на дело. Затоа Владата отвора солидарен фонд за донации од правни и физички лица за помош и поддршка за полесно справување со кризата.

Во оваа прилика апелираме до сите кои имате можност и волја, да бидете солидарни и да донирате со што ќе придонесете за надминување на овој тежок период.

Во изминатите две и пол години, многу пати покажавме и докажавме дека знаеме и можеме да се справиме со сериозни предизвици, да носиме храбри одлуки за подобра иднина, за остварување на децениските цели- членство во НАТО и отпочнување на преговори за членство со Европската унија, со што обезбедивме просперитетна иднина за граѓаните и државата!

И сега не сте сами! Заедно, сплотени, со конкретни мерки кои ќе Ви помогнат во овој тежок период, ќе се справиме и со оваа тешка здравствена и економска криза“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он