ФОТО: Во Битола и Битолско поплавите под контрола

Од:

По вчерашните обилни врнежи на дожд на територијата на општина Битола, во вечерните часови ситуацијата на повеќе места беше критична. И реката Драгор и Црна беа речиси на работ да ги прелеат своите корита, а на некои места и се прелеаја.

Денес екипи на Дирекцијата за заштита и спасување и екипи од Нискоградба-Битола се на терен и ги чистат критичните места.

Оттаму јавуваат дека денес ситуацијата со поплавените критични места во градот, но повеќе во Пелагонија, се средува.

poplava3-bitolsko-april (3)

Во околината на селата Новаци, Егри, Кравари, Жабени состојбата била најадрамантчна, 400 хектари земјиште биле поплавени поради отсекот на петтиот канал. Но, денес, откако се интервенирало со прочистување на затнатите канали и откако престанаа врнежите од дожд, ситоацијата е под контрола, тврди првиот човек на Регионалното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување, Димче Јошевски.

„Екипите на Јавното претпријатие ’Нискоградба‘се наоѓаат во мобилна состојба и од вчера попладне интервенираат на повеќе критични места во Битола”, вели директорот Кире Крстевски.

poplava3-bitolsko-april (2)

Од  Дирекцијата за заштита и спасување потенцираа дека доколку продолжат врнежите од дожд и во наредните денови , подготвени се да реагираат со наноси и вреќи песок за да спречат поголеми катастрофи на територијата на општина Битола.

Би можело да ве интересира

Источниот регион повторно под вода: Поплави во Чешиново–Облешево

Горан Наумовски

УХМР: „Жолто ниво на предупредување“ од поплави: Голема е опасноста од излевање на реките

Црвена тревога е прогласена за неколку региони во Грција

Рекордно зголемени водостоите кај Треска и Сатеска

Предраг Петровиќ

Најмалку девет лица загинаа во поплавите во Виетнам

(ВИДЕО) Катастрофални поплави во Шпанија: Пороите носат сè пред себе, луѓе се заробени во автомобили