Француски епидемиолог: Мечот меѓу Лион и Јуве не смееше да се одигра

Од:

Француски епидемиолог смета дека мечот меѓу Олимпик Лион и Јувентус во осминафиналето во Лигата на шампиони не смееше да се одигра.

Со темата се занимаваат и угледните француски весници „Лекип“ и „Парисиен“ кои, исто така, сметаат дека фудбалската претстава на „Жерлан“ во Лион била еден од осигурачите за ширење на коронавирусот во Франција.

Тие наведуваат дека голем број фанови на Јувентус отпатувале во Лион да ги бодрат нивните миленици на гостувањето кај Олимпик.

Дека има основа да се тврди такви нешто, смета и Марсел Гарига Греншан, пензиониран лекар и шеф на локалниот синдикат.

„Тој натпревар не смееше да се одигра. За тој меч пристигнаа навивачи од цела Италија, а не само Пиемонт. Иако Пиемонт тогаш не беше ризично подрачје, сепак, доволен е мал број на луѓе да го внесат вирусот во толпата. Верувам дека поради тој меч, се засили заразата“, вели Греншан.

Покрај мечот Олимпик Лион – Јувентус, многумина сметаат дека за ширење на коронавирусот се „заслужни“ и средбите Аталанта – Валенсија и ПСЖ – Борусија Дортмунд.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ