Кипар со софтверски систем ја кодира причината за смртта кај позитивните лица на Ковид-19

Од:

За колку е можно поточно да се одреди причината за смртта кај починатите пациенти со Ковид-19, Кипар спроведува процес на кодирање на вистинската причина за смртта со помош на софтверскиот систем IRIS, соопшти денеска научниот директор на Државната организација за здравствени услуги на Кипар, Мариос Лоизу.

Лоизу рече дека овој систем се спроведува, земајќи го предвид фактот што многу од пациентите имаат тешки здравствени проблеми, кои би можеле да бидат причината за смртта.

Од 13-те потврдени смртни случаи на Кипар, сите позитивни на Ковид-19, девет се должат на коронавирусот, а другите четири се од друга причина.

Според денешните официјални податоци, во изминатите 24 часа, потврдени се 40 нови случаи, а вкупниот број од почетокот на епидемијата се зголеми на 396, додека пак уште едно лице го загуби животот.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ