За најмалку 70 отсто се намалуваат ратите за кредитите од финансиските друштва и лизинг компаниите

Од:

Ратите на кредитите од финансиските друштва и лизинг компаниите се намалуваат за најмалку 70 отсто во следните три месеци за граѓаните, во насока на помош за надминување на ударите од Covid-19, напиша министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил.

Додава дека за овие срдства нема да смеат да се пресметуваат и наплатуваат трошоци провизии и казнени камати, обврските рамномерно ќе се распоредат на останатите рати во текот на исплатата или може да се продолжи отплатата за најмалку 90 дена.

Според објавата на министерката известувањето за новите услови граѓаните ќе го добијат преку веб-страната на финансиското или лизинг друштво, смс, е-маил или друга електронска комуникација. Ако во рок од 10 дена не ја одбијат понудата, истата ќе се смета за прифатена. За правните лица ќе се одлучува индивидуално, по барање на самиот клиент, доставено, исто така електронски.

-Со намалување на законската затезна камата, ставката на вкупните трошоци што се наплаќаат кои изнесуваа 51 отсто од вкупната сума на кредитот, сега се намалуваат на 31 отсто. Останатите трошоци кои досега не беа ограничени, сега се ограничуваат на 30% од одобрениот кредит, наведува министерката.

Нови договори за кредити пак, може да се одобруваат со три месеци грејс период по барање на корисникот и во тој период ќе се пресметува само договорна камата.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски