Поранешниот светски рекордер во маратон, Вилсон Кипсанг Кипротич е уапсен за време на полициски час во Кенија.
Атлетскиот маратонец бил меѓу 20 уапсени лица во еден ноќен клуб во Кенија, а сите се приведени бидејќи се забавувале и консумирале алкохол за време на полициски час.
Кениските власти прогласија вонредна состојба поради пандемија на коронавирусот, а мерката за забрана на движењето трае од седум часот наутро до 17 часот попладне.
Кипротич е уапсен во гратчето Итена во кое тренираат кениските атлетичари на долги патеки.
Тој е под суспензија бидејќи е обвинет за уништување на примероци за допинг тестови.
Инаку работи како полициски службеник, а на летните Олимписки игри во Лондон во 2012 година се закити со бронзен медал.