ЈП Службен весник одвои 1,6 милиони евра и ги уплати во Буџетот како помош за справување со кризата

Од:

Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија, на денешната седница на Управниот одбор, одвои значителни средства од своето работење и одлучи во државниот Буџет да уплати 100.000.000 денари или 1,6 милиони евра, како поддршка на државата, при справувањето со кризата предизвикана од вирусот Ковид 19.

-Во услови на вонредна состојба, ЈП Службен весник на Република Северна Македонија, како општествено одговорна институција одлучи овие средства да ги уплати во Буџетот на Република Северна Македонија и во рамките на антикризните мерки, да ги стави на располагање на Владата на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од ЈП Службен весник на РСМ.

ЈП Службен весник на Република Северна Македонија искрено се надева дека со ова директна финансиска поддршка ќе и помогне на државата за ублажување на ефектите од наметнатата економска криза, но и на граѓаните за полесно справување со предизвиците во овие тешки времиња.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски