Израелската полиција уапсила палестински минситер во Источен Ерусалим

Од:

Израелската полиција рано утринава го уапсила палестинскиот министер Фади ал-Хадми, кој во Палестинската управа е задолжен за Ерусалим, бидејќи наводно ја прекршил израелската забрана за палестинските политички активности во источниот дел на овој град.

Ал-Хадми е уапсен во својот дом.

Кабинетот на министерот објави снимка на која се гледа како полицијата со кучиња ја пребарува неговата куќа.

Оттаму се наведува дека се конфискувани 10.000 шекели (околу 2.750 долари).

Ова е дури четврто апсење на овој министер.

Израел го освои Источен Ерусалим во војната од 1967 година и подоцна го анектираше, чин што меѓународната заедница никогаш не го призна.

Израел и забранува на Палестинската управа, која раководи со делови од Западниот брег, да делува во Источен Ерусалим и во него да се занимава со било какви политички активности.

Би можело да ве интересира

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа