Отворени уште три нови телефонски броеви за психолошка поддршка во периодот со справувањето со коронавирусот

Од:

Министерството за здравство информира дека во соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште три нови телефонски броеви за психолошка поддршка за трудниците и родилките, лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот, како и психолошка поддршка за лица во самоизолација на албански јазик во периодот со справувањето со КОВИД-19 во Република Северна Македонија.

На телефонските броеви одговараат стручни лица, психијатри од Клиниката.

* 078/378-766 – Трудниците и родилките на кои им е потребна психолошка поддршка можат да се советуваат во периодот од 09:00 до 16:00 часот;

* 072/919-009 – Лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот можат да се советуваат во периодот од 09:00 до 16:00 часот на овој телефонски број преку апликацијата „Viber“;

* 070/291-657 – Овозможена е и психолошка поддршка за лица во самоизолација на албански јазик на овој телефонски број во периодот од 09:00 до 16:00 часот.

Министерството за здравство потсетува дека функционираат и останатите телефонски броеви за психолошка поддршка.

Родителите на деца на предучилишна возраст и училишна возраст можат да се јавуваат на телефонскиот број 072/912-676.

Возрасните лица кои се во самоизолација можат да се јавуваат за психолошка поддршка на 072/919-009.

Телефонскиот контакт на возрасните лица во самозиолација и лицата со нарушен слух, говор и глас е ист, меѓутоа комуникацијата за вторите лица е исклучиво преку „Viber“ апликацијата.

Во соработка со УНИЦЕФ и во партнерство со Универзитетската клиника за психијатрија отворени се дополнителни линии за психолошка поддршка наменети за родители и самите деца на училишна возраст, секој работен ден од 09:00 до 16:00 часот:

* 078/378-728 – За тинејџери и нивните родители
* 070/291-574 – За родители на деца со попреченост

Грижата за психичкото здравје е исто толку важно како и грижата за физичкото здравје во услови на пандемија со коронавирус, велат од МЗ.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on