Американски морнари молат за помош: На носачот на авиони се заразени 700 луѓе

Од:

На американскиот носач на авиони „Теодор Рузвелт“ се наоѓаат 700 морнари заразени со коронавирус. Поради сериозната ситуација, капетанот преку писмо бара помош.

Капетанот упатил отворено писмо до американските морнарски власти во кое моли за помош во облик на опрема и ресурси како би можеле да спроведат изолација на целата посада и да избегнат непотребна смрт во ситуацијата која ја опишува како брзоескалирачка.

Писмото е пратено во моментот кога на бродот имало повеќе од 100 морнари кои се заразени со коронавирусот, односно во понеделникот.

Во писмото е напишано како само мал број на морнари се евакуирани од бродот во Гуамо, додека мнозинството од посадата и понатаму е на бродот и ги следат насоките за 14-дневен карантин и социјално дистанцирање колку што е возможно.
Капетанот Брет Крозир нагласува дека сето тоа е тешко поради ограничениот простор.

„Преместување на поголемиот дел од посадата од активниот нуклеарен носач на авиони и нивното изолирање на две недели можеби се чини како необична мерка, но тоа е нужен ризик. Држењето на повеќе од 4000 млади луѓе на носачот на авиони е непотребен ризик и ја крши вербата со која тие морнари се доверени на наша грижа“, порача капетанот Крозир.

Ситуацијата ја коментираше и американскиот министер за одбрана Марк Еспер.

На прашањето дали морнарите треба да бидат евакуирани, тој изјавил дека ситуацијата се уште не е дојдена до таа точка.

„Па, сè уште не сум прочитал детално“, одговорил Еспер кога го прашале дали го прочитал писмото на капетанот.
Тој додаде дека тие испраќаат медицинска помош, а ќе испратат и медицински персонал доколку има потреба.

Најмалку уште три воени бродови во САД имаат проблем со епидемијата на коронавирус.

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија