Два случаи на семејно насилство во Штип

Од:

Во Штип се регистрирани два случаи на семејно насилство, во кои жртви се жени.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека во првиот случај вчера во 14.30 часот во СВР Штип, 52 годишна жена од Штип пријавила дека околу 00.20 часот, во домот на ул.„Радански пат“ во Штип, во присуство на нивната малолетна ќерка, била физички нападната од страна на нејзиниот сопруг 51-годишниот Ш.Д.. По овој настан лицето Ш.Д. бил повикан во Полициската станица – Штип и покомплетирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

– На 31.03.2020 во 19.11 часот во СВР Штип, 30-годишна жена од Штип пријавила дека околу 18.40 часот во домот на ул.„Петар Поп Арсов“ во Штип, била физички нападната од нејзинит сопруг О.И.(37) од Штип. О.И. бил лишен од слобода и по комплетирање на случајот, против него ќе биде поднесена, се вели во писменото соопштение на СВР-Штип.

Панајотова информира дека на подрачјето на СВР Штип во текот на изминатото деноноќие на седум лица им се издадени решенија за изолација.

Од страна на полициски службеници извршени се 59 контроли над лица во изолација и 232 контроли над лица во самоизолација. Забраната за движење не ја почитувалo едно лице и истото е опоменато. Поднесени се две кривични пријави по чл.206 од КЗ. Контролирани се вкупно 109 објекти.

Би можело да ве интересира

Син тепаше мајка, татко со закани кон синот, најмногу напади на сопругите – за едно деноноќие 15 пријави за семејно насилство

А1он

(ВИДЕО) Ако ме напуштиш, ќе завршиш како Росица“: Осум години насилство, страв и закани – потресно сведоштво на Ирена

Предраг Петровиќ

Електронски алки и можност полицијата веднаш да го отстрани насилникот, предвидува новиот закон

Катерина Ѓуровски

Се претставуваат како спасители на повредени роднини и им ги земаат заштедите на повозрасните

ЛДП бара електронски алки за следење на насилниците, Зајкова повика на потпишување петиција

Катерина Ѓуровски

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата