Патронажна служба ќе носи инсулин за пациенти до нивните домови во Неготино

Од:

ЈЗУ Здравствен дом Неготино денеска го известува населението од општините Неготино и Демир Капија, дека во континуитет ќе ги снабдува пациентите со инсулинска терапија до нивните домови, со помош на патронажната служба.

-Целта на оваа активност е да ги намалиме директните контакти на оваа ризична група на пациенти. Заради тоа, снабдувањето на пациентите со инсулин, најпрво ќе започне од селските населби чии жители користат јавен превоз, а потоа ќе продолжи и во градските населби, со приоритет на повозрасната група граѓани, соопштија од Здравствениот дом.

Оттаму известија дека одделот за подигање на инсулинска терапија ќе работи како и досега, со полно работно време и со редовни прегледи од интернист-дијабетолог.

Би можело да ве интересира

Две жени се повредени во сообраќајка во близина на Неготино

Горан Наумовски

Приведен 48-годишник од неготинско село за напад врз малолетниот внук

Маж со нож и се заканувал на сопругата

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

Кавадарчанец е тешко повреден во сообраќајка

Изгоре покрив од куќа при пожар во Неготино