Папата Франсис синоќа на свечената богослужба во најстарата римска базилика Свети Јован, позната како Латеранска катедрала, е ставен на тронот на оваа светост која е седиште на римската бискупија.
Со чинот, папата ја презеде должноста на римски епископ, примес на Италија и митрополит на римските црковни провинции, пренесе Верската информативна агенција.
Латеранската базилика од времето на императорот Константин е седиште на римските епископи. Името го доби по семејството Латерани, на чие што земјиште е изгрздена базиликата.
Од XII до XVI век, во неа се одржани пет латерански црквани собири. Во Латеран е склучен и договорот со Италија 1929 година, за регулирање на меѓусебните односи и давање екстеријалност на Ватикан како држава со меѓународно правен статус.
Елена Георгиевска