Заев: Донесени се важни одлуки, државата ги спасува работните места на граѓаните

Од:

Донесени се важни одлуки, државата ги спасува работните места на граѓаните. Драго ми е што денеска Владата на Северна Македонија прифати и усвои голем дел од економските мерки што ги предложивме јас и економскиот тим на СДСМ, но и донесе дополнителни мерки, напиша на неговиот Фејсбук профил лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој наведе тоа се сериозни чекори кои ќе значат зачувување на работните места на граѓани во фирмите погодени од кризата со корона вирусот, мерки што ќе значат гарантиран приход кај секој работник додека трае кризата.

– Ова се мерки вредни 200 милиони евра, мерки на солидарност, на меѓусебно помагање во тешки ситуации, ова се мерки за помош на секое семејство, мерки за помали трошоци на секое домаќинство додека трае кризата. Денес, сите ние поединци, целото нашето општество, нашата економија, сите сме ставени пред важен тест. Тој тест ќе го положиме само ако сме солидарни, ако си помагаме еден на друг. Само така ќе излеземе победници од овој здравствен и економски предизвик, истакна Заев.

Тој посочи дека сите сме заедно во оваа криза и само заедно ќе излеземе од неа. Заедно ќе ги пребродиме последиците, а потоа заедно ќе продолжиме кон развојот и напредокот.

Би можело да ве интересира

Дали Зоран Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер, прашува ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Заев му одговори на Мицкоски: Очаен обид на неспособниот премиер да го пренасочи вниманието на јавноста од неговите неуспеси

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

Левица: Фамилиите Заеви, Филипче, Мицкоски со заедничка среќна дестинација – бугарски фирми во Петрич