Раководството на Барселона ќе има понуди за Филипе Кутињо ова лето, тврдат во Каталонија. Челси ќе учествува во битката за Бразилецот, а според шпанските медиуми, Лестер е новиот играч во обид да го привлече. Шампионите од 2016 година сакаат дагоземат во своите редови и се подготвени да инвестираат.
„Лисиците“ се чини дека следната сезона ќе играат во ЛШ, што значи зголемување на приходите. Менторот на тимот Брендан Роџерс го посакува Филипе. Двајцата работеа заедно на „Енфилд“ пред неколку години.
Лестер најверојатно ова лето ќе се раздели со Џејмс Медисон и ќе му треба силна фигура во офанзивната линија на средниот ред.
Од „Камп Ноу“ сакаат да добија 100 милиони евра за нивниот фудбалер.