Јапонскиот производител на автомобили „Хонда“ од домашниот пазар ќе повлече 145.573 автомобили заради дефект што предизвикува истекување бензин во ауспусите на возилата, соопшти компанијата.
„Хонда“ информира дека примила 14 тужби од страна на сопственици на автомобили, вклучувајќи и девет случаи кога заради испуштање на бензин дошло до пожар, пренесуваат јапонските медиуми.
Во инцидентите немаше повредени, се додава во сопопштението на „Хонда“.
Повлекувањето ги опфаќа моделите „Вамос“, „Вамос Хобио“ и три што се произведени исклучиво за јаппнскиот пазар, и тоа меѓу октомври 1998 и август 2010 година.