Привршува конкурсот за вториот меѓународен фестивал на кратoк филм „Филмај 2020”

Од:

Kонкурсот за вториот меѓународен фестивал на краткиот филм „Филмај 2020” во организација на Фото-кино клубот „Козјак” – Куманово ќе трае до 5 април годинава, информираа денеска надлежните од клубот. На конкурсот можат да се пријават кратки, документарни или играни филмови со траење од дваесет минути.

– Споредено со првиот „Фимлај“ одржан лани, кога имавме 50 пријавени учесници кои се пријавуваа преку мејл, оваа година конкурсот го објавивме навремено кон крајот на јануари 2020 и со посредство на платформата „FilmFreeway“. Токму поради новиот начин на пријавување, добивавме по 30-50 пријави дневно, со што моментална бројка е околу 1.500 пријавени филмови. Некои од нив се вон критериумите кои ги имаме пропишано – го надминуваат траењето од максимум 20 минути, претставуваат експериментални или анимирани филмови, а конкурсот е за играни или документарни филмови или се со недоволно средена аудио-видео продукција, истакна Драган Денковски од ФКК „Козјак“.

Тој додава дека сепак, одлучувачкото право за соодветноста и квалитетот на филмовите ќе го има овогодишното трочлено жири составено од Ана Јакимска, филмски режисер и сценарист, Златко Ѓелески, писател и културен критичар и Глигор Максимовски, фотограф и член на фото-кино клуб „Козјак“.

Заинтересираните што ќе се пријават ќе треба да понудат фимови кои се работени најдоцна до 1 јануари 2013 година, да имаат задоволителен аудио и видео квалитет, како и најавна/одјавна шпица со продукциски податоци, и да содржат титл на англиски јазик.

Пријавувањето е преку платформата „FilmFreeway“. Дополнителни детали за фестивалот можат да се најдат на адреси: ФБ страна на фестивалот ФИЛМАЈ , како и на ФБ-страна на настанот за ФИЛМАЈ 2020 . Фестивалската веб-страна е следнаhttp://filmay.kozjak.mk .

 Половина од филмовите беа домашни (македонски), од кои еден ја доби наградата „Козјак“ за најдобро сценарио – Награда по сценарио и режија на Лидија Мојсовска. Дополителните две награди беа доделени на странски филмови: наградата за најдобра режија „Лазар Ѓорѓевиќ“ беше доделена на Ото Ројшел за режија на „РИСКИ“, а награда за најдобра кинематографија Радислав Ристевски ја доби директорот на фотографија Росен Савков за „Тими“, филм во режија на Љубо Јончев. Трите филма и пред нашиот фестивал имаа фестивалска кариера, а со награди и пофалби се стекаа и во периодот после нашиот фестивал, додава Денковски.

На конкурсот ќе се доделат три награди, за надобра режија, најдобра фотографија/кинематографија и најдобра приказна/сцанрио. Добитниците на награди ќе бидат објавени на 5 мај.

 Годинашниот  Филмај согласно приликите најверојатно ќе го одржиме онлајн – преку интернет стриминг, следејќи ги безбедносните и здравствени препораки, додава Денковски.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ