Единаесет правни субјекти треба да вратат над 34 милиони денари во случајот „Транспортер“ пресуди Кривичниот суд. Судијката Добрила Кацарска потенцираше дека доколку овие фирми немаат имот, побарувањата ќе се наплатат со конфискување на имотот на осудените во случајот.
Од правните лица, имотната корист која е прибавена со кривично дело од вкупен износ од 34 милиони 224 илјади 179 денари, се конфискува и тоа:
„Oд друштво за превоз на патници „Боби турс“ увоз-извоз ДООЕЛ Битола износ од 3 милиони 26 илјади 242 денари. Од друшството за транспорт и трговија „Гопеш јранс Јорго“ увоз-извоз ДООЕЛ Битола износ од 74 илјади 934 денари, од патнички сообраќај „Транспорт“ АД Битола износ од 9 милиони 832 илјади 175 денари, од друштвото за трговија и услуги „Хера турс“ увоз извоз ДООЕЛ Битола износ од 8 милиони 61 илјада и 400 денари. Од друшството за производство, трговија, шпедиција, туризам и услуги „Џим турс“ увоз-извоз ДООЕЛ Бистрица износ од 5 милиони 287 илјади 499 денари.
Од друшството за превоз, услуги, производство и трговија „Д и А-Хера транс“ ДООЕЛ увоз-извоз Битола износ од 695 илјади и 611 денари. Од друшството за трговија и услуги „Славица Стојчевска ДПТУ Лука Експрес“ ДООЕЛ Битола износ од 2 милиони 832 илјади 906 денари. Од друштвото за производство, трговија и услуги „Марија Транс“ увоз-извоз Битола износ од 1 милион 537 илјади 774 денари. Од друштвото за туризам, сообраќај и трговија „Турист превоз“ ДОО увоз извоз село Бистрица износ од 628 илјади 939 денари.
Од друштво за услуги, превоз и трговија „Хера превоз Новка“ ДООЕЛ увоз-извоз Битола износ од 697 илјади 075 денари. И од друштвото за сообраќај и трговија „Џими турс“ увоз-извоз Битола, износ од 1 милион 477 илјади и 562 денари“.
Доколку не е можно од правните лица да се конфискува прибавената имотна корист, истата ќе се конфискува од сторителите на кривичните дела, соопшти судот.
Судечкиот совет во случајот „Транспортер“ донесе пресуда со која го осуди ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески на 8 години затвор, за проневера на околу 360.000 евра заедно со уште 20 лица кои се прогласени за виновни за различни кривични дела.