Седум работници загинаа во несреќа во пивара во главниот град на Мексико.
Несреќата се случила во пиварата на компанијата „Групо Модело“, која го произведува познатото пиво Корона.
Компанијата соопшти дека работниците загинале додека го чистеле казанот за варење на пивото и нагласи дека нема други ризици за пиварата и оти производството продолжува.
Обвинителството соопшти дека се истражуваат причините за смртта на работниците, а една од можностите е дека вдишале отровни гасови.