Димитров-Ауреску: Вклучување на Западниот Балкан во ЕУ одговорот при справување со кризата и последиците

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров имаше телефонски разговор со шефот на романската дипломатија Богдан Ауреску, кој денеска беше предвидено да го посети Скопје, но посетата беше одложена заради ситуацијата со пандемијата на коронавирусот (КОВИД-19).

Како што соопшти МНР, за време на разговорот, беa упатени честитки од романска страна, како и искажана благодарност од македонска страна за континуираната поддршка од Романија за европската и евроатлантската интеграција на Република Северна Македонија, долгогодишни процеси кои во март годинава беа крунисани со успех – полноправно членство на Северна Македонија во НАТО на 27 март и донесената одлука на Советот за општи работи на ЕУ на 24 март овој месец за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија.

Соговорниците разменија мислења и за актуелните состојби предизвикани од глобалната пандемија и корона вирусот, предизвиците и можностите за поддршка, при што беше истакната потребата од солидарност и соработка, како и вклучување на Западниот Балкан во ЕУ одговорот при справување со кризата и последиците.

Министрите изразија задоволство од досегашниот развој на билатералните односи и соработка кои ги карактеризираат со отворен и конструктивен дијалог и заемно почитување. Истакнати беа заедничкиот интерес и заложбите за натамошен развој на севкупните односи и соработка, особено во сферата на економијата и во таа насока беа изразени и очекувањата, во првиот можен иден период да се иницираат и реализираат билатералните посети и средби на како потврда на овие заложби.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија