Нова цистерна за почист Карпош

Од:

Од денеска, сите локални улици во Карпош се мијат и дезинфицираат со уште една, четири тонска цистерна. На овој начин, на терен работат три цистерни, кои ги мијат улиците, но вршат и дезинфекција пред маркети, банки, пошти, аптеки и други пофреквентни места.

– Утринава, се миеја улици и се дезинфицираше пред фреквентни места, во Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе 2 и Злокуќани. Оваа нова цистерна е во сопственост на правното лице „Анизор“ и е дадена на привремено користење на Општината, без никаков финансиски надомест (донација), велат од Општина Карпош.

– Ги повикуваме и сите други, општествено одговорни компании да се приклучат во оваа битка за справување со коронавирусот. Затоа што сите сме одговорни за јавното здравје! Локалната самоуправа продолжува со секојдневните активности за чистење на јавните површини и дезинфекција на влезовите на сите згради со повеќе од осум домаќинства во Карпош, додаваат од Општината.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје