Македонија 20 години полноправна членка на ОН

Од:

Република Македонија на денешен ден пред 20 години со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација.

Со тоа беше потврден меѓународно-правниот субјективитет на државата по изразената референдумска волја на македонските граѓани на 8 септември 1991 година за самостојна и независна Република Македонија.

Сепак, поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше направено под привремената референца Поранешна југословенска Република Македонија. Двете земји со посредство на ОН почнаа преговори за надминување на разликите околу името кои досега не дадоа резултати. Атина поради несогласувањата со уставното име, ја блокира поканата за Македонија за членство во НАТО, како и почнувањето на пристапните преговори со ЕУ.

Република Македонија досега има воспоставено дипломатски односи со 167 држави во светот, а под уставното име е признаена од над 130 меѓу кои и од три постојани членки на Советот за безбедност – САД, Русија и Кина.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство