Министерот за здравство, Венко Филипче на својот фејсбук профил кажа дека линеарниот раст на заболени од коронавирусот во последните 15 дена охрабрува и дека со ваквиот тренд здравствениот систем на земјата ќе може добро да се справи со новиот вирус.
„Иако сѐ уште е рано било што да заклучуваме, линеарниот раст на заболени во последните 15 дена охрабрува. Имаме број на заболени приближно еднаков секој ден. Ова беше нашата цел од самиот почеток, со ваков тренд нашиот здравствен систем ќе може да ги опслужи граѓаните и добро да се справи со коронавирусот“, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил.
– Пикот на епидемијата допрва доаѓа и сега е потребно сите да останеме дисциплинирани и да ги следиме без исклучок мерките и препораките, додава министерот Филипче.