Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро синоќа изјави дека покрај постоечките карантински мерки, нема други што би можеле да бидат воведени во борбата против новиот коронавирус, бидејќи работните места се уништуваат, а страдаат сиромашните.
Тој го повтори својот став дека постои голем степен на „хистерија“ за пандемијата со Ковид-19.
Во Бразил регистриррани се повеќе од 4.600 луѓе инфицирани со новиот коронавирус, од кои 165 починаа.