Волци нападнаа стадо овци во делчевското село Бигла

Од:

Волци нападнаа стадо овци во подножјето на делчевското село Бигла.

-Нападот се случил во раните утрински часови. Нападнатите овци ги најдов денес во близина на стадата и цела среќа е што дивото животно успеало да изеде само две од овците. Не сум сигурен дали бил еден или повеќе волци, вели сточарот Антон Антовски.
Делчевските ловџии велат дека во вакви ситуации со посебни дозволи се прават хајки на волци, кои биле чести во изминатиот период.
-Ловот сега е во мирување и ваквите случаи на хајки на волци ќе ги направиме при првата поволна прилика. Она што сега согласно законот сме должни да го направиме е да извршиме прихрана за дивечот, за да не дојде до вакви ситуации, велат ловџиите.
Последната прихрана пред една недела ја извршија ловџиите од Македонска Каменица, а слична активност планира и ловното друштво „Острец” од Делчево.

Би можело да ве интересира

Вежба на ЕБР и „Волци“ за спасување повредени лица од тешко прооден карпест предел

A1on

ЦУК: Мечка убила и изела овци во гостиварско село Равен

Горан Наумовски

Овчар со стадо овци останал заробен среде вода откако надошла Црна Река во Тиквешко

A1on

Маж во Сплит чувал волци и кучиња во нехумани услови

Овци во Грција бараа свежа трева по поплавите и изедоа 100 килограми канабис

Овци пасат на главниот булевар во Дебар, општински инспектор излезе на терен

A1on