Осум лица загинаа денеска при експлозија на авион за медицинска евакуација во Манила, соопштија властите.
Авионот експлодирал при полетувањето од пистата, а загинале сите кои се наоѓале во него.
Во авионот на компанијата „Лајон ер“ биле тројца доктори, тројца членови на екипажот и пациент со придружник, соопшти Црвениот крст на Твитер.