МОСТ: Семејно гласање и непочитување на процедурата за гласање на слепи и неписмени лица

Од:

Набљудувачите на Граѓанската асоцијација МОСТ евидентирале непочитување на процедурата за гласање на слепи и неписмени лица, прекин на гласањето во Бутел, случаи на семејно гласање во Струга, фотографирање гласачки ливчиња, некористење УВ ламба, јавно гласање.

Извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов информира дека на гласачкото место 2948 во општина Бутел, членовите на ИО забележале дека од кочанот за градоначалник на општината има едно ливче помалку од оној кочан за градоначалник на град Скопје. Гласањето било прекинато 15 минути, по што е направен записник и е решено за ова да се одлучува по завршување на гласањето.

На гласачкото место 2909 во општина Бутел, како што рече Алексов на денешната прес-конференција, членови на ИО во четири случаи помагале на слепи и неписмени лица, додека, пак, на гласачко место 2966 општина Шуто Оризари членови на ИО помогнале на слепи и неписмени лица во шест случаи.

– На гласачкото место 1905 општина Струга, забележани се 13 случаи на семејно гласање, осум случаи на непочитување на процедурата за гласање на слепи и неписмени лица, како и три случаи на јавно гласање. На гласачкото место 1907 исто така во општина Струга, забележани се девет случаи на семејно гласање и седум случаи на јавно гласање. На гласачкото место 1917 во селото Велешта, општина Струга, од 14 часот па досега забележани се 14 нови случаи на семејно гласање и осум случаи на јавно гласање, рече Алексов.

Посочи дека на гласачкото место 0838 во општина Кочани било забележано фотографирање на гласачкото ливче за што е направена забелешка во записникот на ИО.

– На гласачкото место 0843 во општина Кочани, пронајдено е заокружено гласачко ливче позади параванот со печат. Ливчето е ставено на страна, а ИО ќе одлучи за тоа дали ќе се третира како неважечко по завршување на гласањето…На гласачкото место 0438 во општина Врапчиште на еден гласач му е дозволено да гласа иако го немало во Избирачкиот список. Неговата изјава била дека таму гласал во првиот круг, па ИО се договорил да му дозволи да гласа. На ова место исто така се забележани и 11 случаи на семејно гласање, додаде Алексов.

На гласачкото место 0412 општина Гостивар, се читаат на глас имињата на гласачите, на гласачкото место 2154 во општина Велес, на 10 лица не им е проверен десниот палец со УВ ламба, на гласачкото место 0427 во општина Гостивар, забележани се 10 случаи на семејно гласање.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар