ВИДЕО: Жители на Корча избираат градоначалник на Центар

Од:

Дваесетина албански државјани од Корча организирано беа донесени околу 17 часот да гласааат во Центар во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.

Сите беа со лични карти издадени во изминатиов месец, на адреса на Максим Горки во центарот на Скопје, и сите со живеалиште во ист стан.

Овие таканаречени жители на Скопје не заминаа во станот на кој што е наведена адресата во новите лични карти, туку се држеа за раце кога излегуваа од гласачкото место и влегуваа во автомобилите кои потоа ги носеа онаму од каде и што дојдоа.

На прашањето на А1 од каде се, речиси и не знае да одговорат. Во групи како што дојдоа така и заминаа, организирано со неколку возила. Откако гласаа замина и засиленото полициско обезбедување од ова гласачко место.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември