Макпeтрол: Јавното здравје е заедничка одговорност

Од:

Справувањето со пандемијата на вирусот КОВИД-19 зависи од сите нас. Ова е борба на секој од нас, борба што може да ја добиеме само заеднички како општество.

Макпетрол АД постојано работи на обезбедување на безбедни услови за вработените и потрошувачите. Затоа, апелираме и инсистираме на строго почитување на донесените мерки со цел да обезбедиме ефикасно, безбедно и професионално функционирање и во новонастанатите услови.

Бензинските станици на Макпетрол АД редовно се дезинфицираат и вработените ги применуваат мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, но неопходно е сите да придонесеме преку доследно следење на препораките.

Максималниот број на присутни во продавниците се ограничува до три лица, а  кафематите се ставаат надвор од употреба. Секој е одговорен и може да придонесе кон поголема заштита на сите. Затоа, при посета на бензинските станици придржувајте се кон ограничувањето за максималниот број на присутни во продавницата и држете растојание од најмалку 1,5 метри додека се чека ред за каква било услуга.

Апелираме до сите да бидат стрпливи, да се почитуваат советите кои ги даваат продавачите и да внимаваат на хигиената кога влегуваат и излегуваат од бензинските станици. Притоа, уште еднаш ги потсетуваме потрошувачите да не се ракуваат и да не ги допираат носот, очите и устата.

Со заедничка посветеност и почитување на препораките ќе успееме да ги надминеме сите предизвици. Затоа, уште еднаш апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита донесени од Владата, Министерството за здравство, како и од Светската здравствена организација.

Останете дома и придонесете кон сопствената заштита и заштитата на сите останати.

Јавното здравје е заедничка одговорност!

Би можело да ве интересира

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он