Полицијата потврди дека уапсила албански државјанин во Радолишта

Од:

Од полицијата потврдија дека во струшкото село Радолишта на избирачкото место 1876. бил приведен албански државјанин поради сомнение дека гласал со македонски документ и дека е на возраст од 24 години, против кого полицијата во Струга ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „злоупотреба на избирачко право“ по член 161 од КЗ.

Во Радолишта на соседното избирачко место 1.877, во 11:44 часот, овластен набљудувач од ВМРО-ДПМНЕ пријавил на полициските службеници дека бил отстранет од страна на избирачкиот одбор.

Засега тоа се покарактеристичните информации од теренот. Штабот на Министерството за внатрешни работи во кој што партиципираат и претставници на меѓународните мисии во земјава продолжува да работи и се разгледуваат сите информации кои ќе пристигнат до полицијата, стои во соопштението на МВР до медиумите

Би можело да ве интересира

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Романците пред нов историски „референдум“

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски