Канадската Влада ги зголеми субвенциите за малите и средните претпријатија за исплата на платите на вработените од 10 на 75 отсто од платниот фонд на фирмите пред избувнувањето на пандемијата со Ковис-19.
Премиерот Џастин Трудо, најавувајќи ја новата владина мерка, рече дека стана јасно дека помошта од државата мора да се зголеми.
– Мораме да ги поминеме следните месеци на намалена економска активност, кога луѓето треба да останат дома, рече Трудо.
Тој појасни дека новата мерка на Владата значи дека вработените ќе бидат плаќани и кога работодавчот мора да ја намали или да ја прекине работата поради пандемијата
– Малите и средните претпријатија се ’рбетот на нашата економија. Вие сте нашиот најголем работодавач, им порача Трудо на сопствениците на овие фирми.
Тој изрази надеж дека тие кои размислуваат да отпуштат работници повторно ќе размислат за тоа и дека оние кои веќе ги отпуштиле ќе ја преиспитаат својата одлука и ќе ги вратат на работа