Високи концентрации на ПМ честички, кои значително ги надминуваат граничните вредности за загадување, во последните 30 часа се регистрирани на повеќето мерни места во Србија, каде има автоматски станици за испитување на загадувањето на воздухот, соопшти српското Министерство за заштита на животната средина.
Особеноста на тековното загадување на воздухот е во тоа што во масата ПМ доминираат покрупни честички, додека честичките до ПМ 2,5 се помалку застапени, што досега не било случај.
Министерството проценува дека загадувањето на воздухот ќе се подобри со очекуваната промена на временските услови и потсетува на советите на лекарите помалку време да се поминува надвор.