А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Здруженија за заштита на животните бараат Владата да дозволи шетање на домашните миленици за време на полицискиот час

by А1он27/03/2020 - 15:20464
Share0

Дваесет здруженија и активистички групи за заштита на животни од целата земја бараат од Владата преку издавање на посебни дозволи да им се овозможи на луѓето кои имаат миленици да можат да ги шетаат и за време на полицискиот час. Тие бараат Владата да им го исполни барањето во најкус временски рок, пред да почне полицискиот час за време на викенд, од 16 часот во сабота до 05 часот во недела.

Следете a1on на Instagram Instagram

Тие бараат дозвола за изнесување миленик во рамки на полициски час во радиус од 200 метри од живеалиште, престојувалиште, по примерот на сите европски земји, кои имаат воведено полициски час.

Дозвола за посета на ветеринар, дежурна ветеринарна служба во рамки на полициски час во случаи на животозагрозувачка состојба на миленик, мерка која ја применуваат развиените земји.

Здруженијата бараат и дозвола за изнесување миленик во рамки на полициски час како помош на лица кои се недоволно подвижни, во радиус од 200 метри од живеалиштето, што исто така е регулирано во европските земји каде што има воведено полициски час и ситуацијата е регулирана на истиот начин.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во врска со нивното барање, здруженијата до Владата доставиле и Предлог- дозвола и очекуваат нејзин официјален став во најбрзо време.

Претходно, Ветеринарната комора ги повика здруженијата за заштита на животни заеднички, координирано и хармонизирано да изготват и да достават аргументирани и издржани барања во однос на изнесувањето на милениците за време на полицискиот час во викенд-деновите (сабота и недела), кога забраната за движење почнува од 16:00 часот.

domasni milenicikoronavirus mkdvlada

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Горан Наумовски30/07/2026 - 09:38

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски29/07/2026 - 20:0929/07/2026 - 20:17

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

Горан Наумовски29/07/2026 - 15:49

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Горан Наумовски29/07/2026 - 15:49

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

Катерина Ѓуровски17/07/2026 - 11:42

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Горан Наумовски16/07/2026 - 09:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео