Од возило „мерцедес“ во движење пукано кон колонијал во прилепското село Црнилиште

Од:

Во прилепското село Црнилиште вчера околу 16 часот пред колонијалната продавница „Џани Комерц“ сопственост на М.И.(1966), додека седел пред истата, од патничко моторно возило „мерцедес“ кон продавницата биле испукани неколку куршуми.

Во „мерцедесот“ со непознати регистарски ознаки, управувано од непознато лице, на совозачкото место од возилото бил И.Н.(49) од село Гостиражни, кој во рака држел пиштол и преку отворениот прозор кон продавницата испукал неколку куршуми. Од испуканите куршуми, соопшти денеска МВР, еден проектил завршил во фасадата од предната страна на продавницата.

Од страна на полицијата приведен е И.Н., кај кого е пронајден и одземен пиштол кој го поседувал без дозвола и една празна рамка за истиот. По целосно расчистување и документирање на случајот против И.Н. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски