Се нападнале со пушка и секира – струмичанец останал без заби додека играл карти

Од:

Инцидентот се случил околу 18 часот и 20 минути во Струмица кога 46-годишниот М.П., 46-годишниот Ф.П., 45-годишниот Б.К., 56-годишниот Д.З. и 54-годишниот В.Ѓ. играле карти на пари.

М.П и Ф.П. започнале расправија по што М.П. физички го нападнал Ф.П. удирајќи го со тупаница во пределот на лицето, при што му искршил заб од горната вилица.

Откако биле раздвоени Ф.П. си заминал дома, од каде земал ловечка пушка со која му се заканувал по животот на М.П.

Притоа В.Ѓ. успеал да му ја одземе пушката, но тогаш истиот повторно заминал во својот дом од каде земал секира, која му ја одзеле и ја искршиле. Ф.П. изреволтиран повторно заминал дома, земал уште една секира и на паркирано возило „Форд Ескорт“, кое го упраувал М.П., го искршил задното стакло од левата страна.

Двајцата се задржани во полиција.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски