Увезените краставици од Албанија не ја нарушуваат состојбата на домашниот пазар

Од:

Во моментов нема нарушување на домашниот пазар од увезените албански краставици. Стабилна е состојбата и со раната зелка за која интензивно се бараат странски купувачи. Отстранети се и пречките за транспорт. За возачите веќе една недела не важи обврската да останат 14 дена во карантин, ако ги почитуваат мерките за заштита, бидејќи имаат посебни дозволи.

Како што рече денеска министерот за земјоделство, Трајан Димковски, од 1 јануари до 25 март годинава од Албанија се увезени 340 тони краставици, а лани во истиот период влегле 640 тони.

– Ова се мали количини кои во моментов не би требало да го пореметат домашниот пазар, а со оглед дека сме членки на ЦЕФТА трговијата меѓу земјите е слободна, истакна Димковски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата одржана пред МЗШВ.

Димковски информира дека почнува извозот на раната зелка.

– Иако на почеток имаше забавено движење на границите, сега, последната недела, овој проблем е надминат. Домашните возачи добиваат дозвола и по враќањето во државата немаат обврска да останат 14 дена во карантин, секако, ако го почитуваат Протоколот – носење соодветна заштита, дезинфекција и движење. Истот важи и за возачите од другите држави, напомена министерот.

Останува, дополни Димковски, препораката македонските потрошувачи да купуваат домашна зелка.

– Според податоците на Царинската управа, од 1 јануари до 25 март годинава од Албанија се увезени само 74 тони, додека лани во истиот период влегле 113 тони. Тогаш се увезувало и од Италија, Грција, Мароко и Србија, а годинава, до сега, нема ниту еден килограм увезен од овие држави, истакна Димковски.

Во меѓувреме, се бара „чаре“ и за раниот пипер.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите