УНЦТАД предвидува драстичен пад на странските вложувања

Од:

Глобалните директни странски инвестиции би можеле да се намалат и до 40 проценти откако пандемијата со новиот коронавирус ги погоди и мултинационалните компании, проценува Агенцијата на Обединети нации за трговија и развој (УНЦТАД).

УНЦТАД повеќе од двојно ја зголеми проекцијата објавена пред неколку недели, кога прогнозираше пад на вложувањата поради епидемијата од пет до 15 отсто.

Новата проценка најавува најголем пад на странските инвестиции во последните 20 години.

Странските инвестиции во 2019 година изнесуваа 1.390 милијарди американски долари.

Проекциите на ИНЦТАД се засноваат на извештаите за работењето на мултинационалните компании, кои имаат значителен удел во меѓународните вложувања.

Би можело да ве интересира

Намален прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Вкупната трговска размена лани 20.424.810 илјади евра, трговскиот дефицит 3.825.646 илјади евра

Нови 40 компании се приклучија на балансната група на „РЕС“

Данас: Српскиот извоз во Русија во јуни е зголемен за 30 отсто во однос на истиот месец лани

Осигурителите го зголемија просторот на ризични области во Црното и Азовското Море

А1он

Почна примената на Договорот за поедноставен транспорт на храна меѓу Македонија, Србија и Албанија

А1он