Над 100 лица не го почитувале полицискиот час, 35 од нив биле приведени

Од:

Над 100 лица не ја почитувале забраната за движење во текот на изминатава вечер, а од нив 35 лица биле приведени. Техничката заменик-министерката Славјанка Петровска вели дека над 40 лица биле опоменати, а за останатите доставени се записници до ОЈО.

„Вкупно 107 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето, при што полициските службеници привеле 35 лица, 47 лица биле опоменати, a за останатите се изготвени соодветни записници и доставени до надлежното ОЈО“, посочи Петровска.

Таа додава дека само вчера, 18 лица добиле решенија за изолација, додека 24 лица потпишале изјави за самоизолација.

„Од страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што било евидентирано дека во еден случај лице во самоизолација не ја почитувало оваа мерка, односно не било пронајдено во својот дом. По однос на проверка на објекти во изминатите 24 часа извршени се вкупно 206 контроли и во три случаи констатирани се непочитување на мерките“, додава Петровска.

Техничката заменик-министерка вчера објави дека за два часа од почетокот на полицискиот час, вечерва во Тетово се приведени три лица кои не ја почитувале забраната за движење

Би можело да ве интересира

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Воведен полициски час во регионот на Одеса

А1он

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

А1он

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска