Германија/Ковид-19: Северна Рајна-Вестфалија пред колапс на здравствениот систем

Од:

Германската провинција Северна Рајна-Вестфалија предупреди дека нејзиниот здравствен систем ќе се соочи со колапс на доколку не и биде испорачана медицинска заштитна опрема.

Во интерен документ од Кризниот штаб на покраината, кој го објави весникот „Билд“, се укажува дека на краток рок се заканува колапс на системско-критична инфраструктура, доколку и натаму не биде испорачана заштитната опрема што недостасува.

„Сите градови и окрузи пријавуваат проблеми со набавка на заштитна опрема и средства за дезинфекција“, се вели во документот.

Покрај лекарите и клиниките, Итната помош и установите за нега на граѓани, исто така, се погодени од недостиг на заштитна опрема.

Министерот за здравство на оваа германска покраина, Карл-Joзеф Лауман, објасни дека заштитната опрема била нарачана во значителни количини, но дека е отежнато производството и испораката.

Северна Рајна-Вестфалија е најголемото жариште на вирусната инфекција во Германија.

Би можело да ве интересира

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис