Белград најзагаден град во светот

Од:

Главниот град на Србија, Белград утрово е на прво место по загаденост на воздухот во светот.

Според мерењата објавени на „Ер Визуал“ утрово воздухот во Белград е двојно позагаден од главниот град на Украина, Киев и покрај тоа што има помалку автомобили на улиците, а вчера дуваше и силен ветер, индексите на загаденост се многу високи.

Потоа следат Загреб, Познањ и Осака, а Скопје е на 20 место.

Загаденоста на воздухот во Белград ја потврдија и локалните власти.

Сериозни здравствени проблеми можат да се очекуваат и кај здравите лица и кај чувствителните групи на популацијата, се наведува во соопштението од Град Белград и од Градскиот завод за јавно здравје.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија