Министерство за здравство: Во цената за тестовите за Ковид-19 од 4.590 денари се вградени и платите на вработените

Од:

Министерството за здравство реагираше на текстот објавен на „А1он“ во кој се тврди дека тестовите за короавирусот чинат 4.590 денари, цена што е повеќекратно повисока од онаа што ја нудат приватните болници.

Реакцијата на Министерството за здравство ја пренесуваме во целост:

„Цената на набавката за тестовите е 1200 денари од тест. Министерството ги набави овие тестови во регуларна јавна набавка по нормална пазарна цена. Сумата од 4950 е цена по која Фондот за Здравство од Институтот, односно Центарот за јавно здравје ја купува услугата земање брис, во која цена се вградени и платите на луѓето и сите други трошоци на институтот како одржување на опрема и сл. За пресметка на оваа цена има јасна методологија по таканаречени Дијагностички сродни групи – ДСГ (DRG method) која се пресметува вредноста на услугата во фондот. И по оваа методологија се пресметуваат сите услуги кои ги плаќа Фондот ги купува од јавно здравствените установи обезбедувајќи бесплатно здравство за граѓаните“.

Би можело да ве интересира

Андовски: Уште двајца од пожарот во Кочани се во релативно тешка состојба

А1он

Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и Грција

МЗ: Ги следиме потребите на населението во Кочани, на терен зајакнати медицински тимови

МЗ: 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, 18 се во критична состојба

А1он

Верификацијата на телефоните за „Мој термин“ е еднократна објаснува Министерството

Катерина Ѓуровски

МЗ: Забрана за посети на хоспитализирани пациенти и носење заштитни маски во здравствените установи

А1он