Федералното јавно обвинителство на Бразил и издаде наредба на полицијата да спроведе истрага во врска со тврдењата дека поранешниот бразилски претседател Лула да Силва учествувал во „купувањето“ пратеници во државниот Конгрес.
Под обвинение дека потплатувале пратеници во Конгресот за да гласаат за одредени закони, лани беа осудени двајца блиски соработници на Да Силва.
Сега обвинителство бара да се испитаат тврдењата на еден од осидените, бизнисменот Маркос Валерио, дека Да Силва лично го одобрил ова „купување“ на пратеници.
Валерио заработи 40 години затвор под обвинение дека раководел со мрежата преку која од тајни извори биле подмитувани пратеници за да гласаат за закони предложени од владејачката Партија на трудот на Да Силва.
Валерио, исто така, тврди дека Да Силва, кој беше претседател на Бразил од 2003 до 2010 година, користел пари од тие тајни сметки и за лични потреби.
Да Силва и натаму важи за еден од највлијателните политилчари во Бразил, од причина што и во сегашната бразилска Влада на Дилма Русеф има голем број негови блиски соработници.