Општина Кисела Вода врши дезинфекција во сите колективни станбени згради на своја територија

Од:

Општина Кисела Вода, продолжува со активностите за превенција од ширењето на вирусот Ковид-19. Имено, преку секторот за месна самоуправа и социјална грижа, од денес, се врши дезинфекција на сите колективни станбени згради на оваа територија. Мобилни тимови организирани од Општината денес вршат прскање за дезинфекција во зградите во урбаните заедници Драчево и Расадник.

Утре ќе се врши дезинфекција во урбаните заедници Цветан Димов и Кисела Вода, во сабота во 11 Октомври згради и бараки, додека во недела ќе бидат опфатени колективните станбени објекти во Бирарија, Црниче, Пржино и Припор, велат од Општината.

„Ова е уште еден од чекорите кои оваа локална самоуправа ги прави за превентива и заштита на своите жители од корона вирусот. Претходно, Општина Кисела Вода изврши дезинфекција во сите детски градинки, основни и средни училишта, лоцирани на територијата на Општина Кисела Вода, на сите улици, јавни површини, на урбаната опрема, детските игралишта, пред поголемите маркети каде има поголема фреквенција на движење и на автобуските постојки на оваа територија. Воедно, уште еднаш потсетуваме дека во рамките на работните активности за превенција и заштита на здравјето на граѓаните од корона вирусот, Општина Кисела Вода заедно со Град Скопје, тимовите на Црвениот Крст и хуманитарната организација Св. Спас, организираа можност за бесплатна сервисна помош за лицата со попреченост или инвалидност, лицата во самоизолација, повозрасните лица, и сите останати жители со одредени хронични болести. Тие, секојдневно, за своите потреби, за набавка и достава на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена, во временскиот период од 08:30 до 12:30 часот, на телефонските броеви 070/379-456 и 02/3211-417 можат да ги контактираат тимовите кои имаат задача бесплатно да им помагаат“, се вели во соопштението на Општина Кисела вода.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски