Економската активност во Франција на 65 отсто од нормалното ниво

Од:

Економската активност и потрошувачка на домаќинствата во Франција во март изнесува околу 65 осто од нрмалното ниво, поради пандемијата со новиот коронавирус, што го парализира животот во цела Европа и пошироко, објави денеска државната агенција за статистика ИНСЕЕ.

Тоа е прва процена на економските последици поради ограничување на воведените мерки ширум Франција со цел да се сузбие ширењето на вирусот Ковид-19.

ИНСЕЕ претходно објави месечен индекс на деловната доверба, што забележа најголем пад од 1980 година, откако се води евиденција. Тој индикатор во март забележа намалување на 95 поени од февруарското ниво од 105 бодови.

Би можело да ве интересира

Ле Пен повикува на востание

Жан-Ноел Баро: Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран

(ВИДЕО) Хорор во џамија во Франција: Го избодел 50 пати, снимал и праќал на колеги

(ВИДЕО) Инцидент во Франција: Ученик избодел соученици, најмалку едно лице е убиено, четворица се тешко ранети

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето