Украина го суспендира авионскиот и железнички сообраќај со странство

Од:

Украина од петок, 27 март, привремено го прекинува комплетниот авионски и железнички сообраќај со другите земји во обидот да го спречи ширењето на коронавирусот, пренесоа украинските медиуми, повикувајќи се на изјава на министерот за внатрешни работи Арсен Аваков.

Аваков ги повика Украинците брзо да одлучат дали сакаат да се вратат во татковината или да останат во странство, додаваат британските медиуми.

-Имате два дена. Така што, ајде, вратете се, драги наши. Потоа, ако седнете во некоја убава колиба, останете таму уште малку, ако така одлучите, рече Аваков.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

Орце Костов

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“