Путин го одложи уставниот референдум заради кризата со коронавирусот

Од:

Референдумот за усвојување на уставните амандмани, што го вклучува и оној за реизбор на рускиот претседател Владимир Путин, ќе биде одложен за време на кризата со коронавирусот, соопшти денеска претседателот, пренесе ДПА

Референдумот за сериозните измени на рускиот Устав, меѓу кои и за зголемувањето на овластувањата на парламентот, во кој доминираат политичари кои му се лојални на Путин, беше закажан за 22 април.

ДПА пренесува дека Путин во говорот на теливизија соопштил дека заради пандемијата „ неопходно“ е референдумот да се одложи, без да го каже датумот кога тој ќе може да се одржи. Тој на Русите им препорача да останат во своите домови за да ги избегнат конактите со вирусот.

Путин( 67), наведува ДПА, веќе две децении е претседател или премиер на Русија.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он