АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката спроведува темелна, вонредна дезинфекција на 20 социјални згради лоцирани низ целата територија на државата, 4 катни гаражи со кои стопанисува, 11 подружници, како и Дирекцијата.
Акцијата е во согласност со препораките на Владата за заштита и превентива од вирусот КОВИД-19.Станува збор за третман со кој се уништуваат сите бактерии и штетни патогени микроорганизми од површините.
Средството кое што се употребува е еколошко, односно покрај својата голема ефикасност е и потполно безбедно за околината.
Во насока на грижата за здравјето на станарите,АДСДП на социјалните згради истакна известување со препораки како да се постапува во случај на епидемија.
Акцијата на спроведување дезинфекција ќе се спроведува и во наредниот период, секако во зависност од потребите и во согласност со препораките на Владата.