ДОМ: Конечно се отворија вратите на ЕУ

Од:

Зелената партија ДОМ искажува задоволство од одлуката на Советот за општи работи на ЕУ за почнување на пристапните преговори со Македонија.

„Оваа долгоочекувана одлука ја исправи грешката од октомврискиот самит на ЕУ и ги валоризира успесите во спроведените реформи во изминатиот период. Таа е потврда на европската перспектива како стратешка цел на нашата држава.

Во текот на долготрајниот и тежок процес за започнување на преговорите имавме целосна поддршка од нашите пријатели од Европските зелени, за што ДОМ како полноправна членка на Европската зелена партија, искрено им се заблагодарува.

Преговорите за членство во ЕУ ќе бидат дополнителен мотив за понатамошен развој на европските демократски вредности, владеење на правото, борба против корупцијата, почитување на човековите права, социјална правда, солидарност, заштита на животната средина и климата“, велат од ДОМ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Сите ќе влеземе во ЕУ, но тоа нема да биде наскоро

Американските ракети ќе се произведуваат во Европската Унија

Песков: Русија не претставува закана за Европа и нема да започне светска војна

Фергусон: Не сакаме враќање во Европската Унија, сакаме подобри односи меѓу Лондон и Брисел

Лавров: Властите на ЕУ се обидуваат да ги одвратат САД од постигнување трајно решение за Украина

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина