Се запира примената на Законот за извршување до 30 јуни 2020 година

Од:
Владата денеска на седница донесе уредба со законска сила за запирање на примената на Законот за извршување, со која се запира примената на Законот за извршување, извршување до 30 јуни 2020 година.
Според оваа Уредба, Член 2, како што стои во соопштението од владината прес-слуќба,  утврдува дека извршителите се должни да запрат со преземање било какви извршни дејствија, освен во предметите за побарувања врз основа на законска издршка, со распределба на средствата пристигнати на нивните посебни сметки, доколку за тоа се исполнети законските услови, со дејствијата кои следат по наплатата на средства од должникот, успешно спроведени јавни надавања, или продажби со непосредна спогодба.

Уредбата, се наведува во соопштението, утврдува дека работодавците на должниците, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РСМ и носителите  на платен промет се должни да запрат со постапување по издадените налози од страна на извршителите, во периодот определен со Член 1 на оваа Уредба, односно до 30 јуни 2020 година.

Основните судови се должни да донесат одлуки по поднесените приговори за незаконитости при извршувањето врз основа на Член 86 од Законот за извршување, а Апелационите судови по поднесените жалби против решението на судот по приговор врз основа на член 87  од Законот за извршување, со цел да се создадат услови за непречена распределба на средствата пристигнати на посебните сметки на извршителите.

Уредбата влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Би можело да ве интересира

ОЈО Кичево ќе вложи жалба за определената мерка претпазливост за извршителката за Кичево што нападна новинар и полицаец

Комората на извршители го осудува попречувањето на извршувањето спроведено од извршителката Јакимовска од Гостивар

Граѓаните бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат

Глигорова: Извршителите веќе втор месец не постапуваат по новите измени во Законот за облигациони односи

Адвокати, нотари извршители за пет години наплатиле осум милиони евра од ЈП Водовод Скопје, утврди ревизијата

A1on

Нема спас од извршителите: Освен од банка, сега ќе може да им ги земат парите на граѓаните и од штедилница

A1on