Прв случај на коронавирус во српската Влада

Од:

Државниот секретар на српското Министерство за заштита на животната средина Бранислав Блажиќ е заразен со коронавирус.

Министерот Горан Триван за српските медиуми потврдил дека Блажиќ е сместен на Инфективната клиника во Белград.

„Се лечи на Инфективната клиника, во стабилна состојба е“, рекол Триван.

Блажиќ е од Кикинда, градот кој е еден од жариштата на епидемијата на коронавирусот во Србија.

Како што пренесуваат медиумите, сите од Министерството за заштита на животната средина кои биле во контакт со него се пратени во изолација, а министерот Горан Триван само телефонски контактирал со Блажиќ и сите останати со кои државниот секретар контактирал лично.

 

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани